Наполи си позајми десен бек од Сампдорија (Фото)

Полјакот Бартош Бережински е нов играч на Наполи и ќе му биде соиграч на Елиф Елмас најмалку до крајот на оваа сезона.

Десниот бек и репрезентативец на Полска им 30 години, а пристигна во редовите на лидерот во Серија А како позајмен фудбалер од Сампдорија.

https://twitter.com/en_sscnapoli/status/1611694795730067456?s=20&t=No1bnkuwanWlQuTQCVubBQ

Бережински има долгогодишно искуство со настапи на Чизмата и во Италија е од 2017 година, а досега во Серија А има играно само за Сампдорија и тоа 180 натпревари.

Полјакот ќе има силна конкуренција, бидејќи десен бек во Наполи игра капитенот на тимот и репрезентативец на Италија, Џовани Ди Лоренцо.

Интересно е што токму во следното 17-то коло во Серија А Сампдорија ќе му биде домаќин на Наполи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести