Наследникот на Халанд во Борусија ја победи тешката болест и се појави на тренинг на Милионерите (Видео)

По одличната сезона во дресот на Ајакс, Себастјен Але минатата година потпиша за Борусија Дортмунд, каде што дојде како наследник на Ерлинг Халанд, но животот му се претвори во пекол откако дозна дека има рак на тестисите, а потоа успеа да ја победи тешката болест и се појави на првиот тренинг на Милионерите во новата година.

Але ги изненади соиграчите појавувајќи се на тренингот, а имаше и порака за навивачите.

„Поздрав луѓе, конечно се вратив. Не беше лесно, но со вашата поддршка ми беше полесно. Се радувам што наскоро ќе ве видам на стадион“, им порача Але на навивачите.

На репрезентативецот на Брегот на Слонова коска веднаш по пристигнувањето во Борусија Дортмунд му беше дијагностицирано дека има рак на тестисите.

Але веднаш започна со терапија и по неколкумесечно лекување, најави дека наскоро ќе се врати на терените, но наместо тоа, од клубот објавија дека болеста се вратила и дека Але мора да оди на операција за да ја победи болеста.

На крајот Але ја доби битката со тешката болест и вчера се појави на подготовките на Борусија Дортмунд пред почетокот на вториот дел од сезоната во Бундеслигата, но и во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести