Насри со чекан ќе удри на „својот“ Арсенал

Самир Насри по 18 месеци суспензија (поради допинг) повторно игра фудбал. Французинот неодамна потпиша договор со Вест хем и дебитираше во ФА купот во дресот на „чеканите“, а денес ќе игра против тимот кој му ги отвори вратите во Премиер лигата, Арсенал.

Поранешниот „топчија“ се радува што повторно ќе се сретне со екипата од северен Лондон, а во пресрет на малото градско дерби вели дека за навивачите на Арсенал и самиот клуб чувствува само љубов кон нив.

„Се радувам на средбата против Арсенал. Иако долго време бев надвор од терените, се надевам дека ќе добијам шанса да настапам. Во минатото разменив погрдни зборови со навивачите на Арсенал, но сега кон нив и кон самиот клуб чувствувам само љубов“, вели Насри.

Навивачите на Арсенал го критикуваа и навредуваа Французинот откако во 2011 година се пресели во редовите на Манчестер сити за сума од 25 милиони фунти, трансфер за кој самиот фудбалер притискаше да се оствари. Токму поради неговата желба да замине од „Емирати“, побуди гнев кај најверните на „топчиите“.

Дуелот Вест хем – Арсенал е закажан за денес, со почеток од 13.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести