Навивач на Лидс цели 16 години чекаше еден меч, а билетот ќе му го подари на непознат човек

Англиската Премиерлига најави дека последните две кола ќе се играат со публика, за секој клуб да има барем по еден домашен меч со ограничен број на навивачи на трибините. Иако стадионите нема да бидат исполнети, и 10.000 гледачи е многу подобро од празен стадион.

Еден навивач на Лидс, кој на „Твитер“ е познат како Барни, долги години има сезонски билет за натпреварите на „Еланд роуд“, па тешко му паѓа што сезонава кога неговиот омилен тим игра во Премиерлигата, не може да биде на трибините поради пандемијата. Наместо од трибините, Барни го бодри Лидс од дома, покрај телевизорот со пиво во рака.

Иако 16 години чекаше да го види Лидс во Премиерлигата, Барни реши својот билет да му го даде на друг човек. Лидс на 23 мај ќе игра дома со публика против ВБА, и тоа е единствен меч сезонава на кој Барни можеше да присуствува, но направи убав гест, и најави дека ќе усреќи човек кој за време на пандемијата ги загубил работата и семејството. Но, за да се случи ова, Барни треба да биде избран во лотаријата, бидејќи трипати повеќе од 10.000 луѓе имаат сезонски билети за мечевите на Лидс.

Лидс и во следната сезона ќе биде премиерлигаш, па Барни цела сезона ќе може да ужива во бодрењето на тимот, бидејќи се очекува за следната сезона рестрикциите да бидат ублажени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести