Навивач среде меч си се прошета низ теренот со скутер и се караше со сите! (Видео)

Натпреварот од пониските лиги во Холандија помеѓу клубовите Венхајзен и Витесе 63 беше прекинат откако еден маж влета на терен, и тоа на скутер.

Локалниот жител се налутил затоа што деца пред мечот испукале огномет, а огнометот ги исплашил неговите коњи. Тој се карал со тренерот и некои од играчите на кои им објасни зошто им го прекинува мечот.

„Го познаваме човекот, живее тука покрај стадионот, а кога беше млад, играше за нашиот клуб. Одговорни сме за ова што се случи. Момчињата немаа лоша намера, само сакаа да го поддржат тимот“, рече претседателот на осмолигашот Венхајзен.

- Оглас -

Најнови вести