Навивачи ги тепаа судиите и гостинските играчи, на крајот фудбалерите ги спасуваа во камион (Видео)

На дуелот меѓу Депортиво Гарсиласо и Депортиво Јакуаба во Купот на Перу се случи хаос во кој, за среќа, нема жртви. На почетокот на второто полувреме судијата сакаше да му додели црвен картон на еден од домашните играчи, но тогаш на теренот влетаа домашните навивачи и започнаа да ги тепаат судиите, а беа нападнати и гостинските фудбалери.

И покрај ваквиот инцидент, мечот подоцна продолжи и заврши 1:1. На крајот, гостинските играчи од стадионот мораа да бидат изнесени во камион за да не бидат повторно нападнати од фановите на домашната екипа.

https://twitter.com/i/status/1196460804557676545

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести