Навивачите на Барселона ја пробија оградата и влегоа на „Камп ноу“ (Видео)

Втор ден по ред навивачите на Барселона негодуваат поради најавите дека Лионел Меси ќе си замине од каталонскиот гигант. Аргентинецот помина 16 сезони во првиот тим на Барселона, но од вчера и официјално е во потрага по нов клуб.

Навивачите на Барселона се гневни на челниците на клубот поради тоа што не успеаја да најдат заеднички јазик со Меси и да го задржат најдобриот фудбалер во историјата на клубот.

Ако вчера протестите беа мирни, вечерва тие се вжештија. Еден дел од навивачите успеаја да ја турнат оградата пред „Камп ноу“ и да влезат на делот на кој е стадионот. Веднаш реагираше полицијата и ги уапси навивачите кои носеа транспаренти на кои меѓу другото пишуваше „Меси остани дома, Барселона те сака“.

 

- Оглас -

Најнови вести