Навивачите на Ливерпул со порака: Дајте му медал и на Рафаел Бенитес

Иако има уште многу да се игра во англиското првенство, навивачите на Ливерпул полека почнуваат да се подготвуваат за тоа што го чекаат речиси 30 години – шампионската титула. Атмосферата кај сите симпатизери на Ливерпул посебно се загреа по синоќешниот пораз на Манчестер сити на гости кај Њукасл.

„Граѓаните“ водеа со 1-0 на полувремето, но Њукасл успеа да даде два гола во вториот дел и стигна до неочекиуван триумф. На клупата на Њукасл тренер е некогашниот менаџер на Ливерпул, Рафаел Бенитес. Со Шпанецот на чело, Ливерпул стана европски првак, а сега токму неговата тактика и победата на Њукасл може да има голем придонес во трката за титулата од Премиер лигата да стигне на „Енфилд роуд“.

Навивачите на Ливерпул преку социјалните мрежи постојано се заблагодаруваат на Бенитес за синоќешната победа, а еден од нив имаше и оригинална идеја. Ако Ливерпул стане првак на Англија, еден од медалите да се чува и да му се подари на човекот кој беше тренер во клубот во периодот од 2004 до 2010 година.

- Оглас -

Најнови вести