Навивачите на Рома ја исполнија трибината, но не за играчите, туку за својот загинат другар (Фото)

Навивачите на Рома беа премногу лути на играчите, кои пред неколку дена го посрамотија дресот на „римската волчица“ кога загубија со 7:1 во Купот на Италија од Фиорентина. И покрај една таква бламажа која мораа да ја гледаат на своите миленици, фановите на римскиот тим вечерва ја исполнија трибината.

Мечот против Милан имаше посебно значење на нив. Вечерва одбележаа 30 години од загинувањето на нивниот другар-навивач, Антонио де Фалки. Тоа е навивачот на Рома, беше убиен во март 1989 година пред стадионот „Сан Сиро“ кога Рома гостуваше на Милан.

Вечерва целата трибина беше со знамиња со ликот на Антонио, со што навивачите само покажаа дека го немаат заборавено.

Откако оддадоа почит на својот загинат другар, следуваше парола до играчите, да знаат дека навивачите не се дојдени за да ги гледаат нив, туку нивниот загинат другар е причината зошто трибината е полна.

„Денеска сме тука за да му дадеме почит на Антонио. Воопшто не ни мислиме да ве гледаме вас“, пишуваше на паролата наменета за играчите на Рома.

- Оглас -

Најнови вести