Навивачите во Дортмунд го провоцираа Левандовски, му скандираа „Меси, Меси“ (Видео)

Роберт Левандовски во минатото беше миленик на публиката во Дортмунд, додека тој го носеше жолто-црниот дрес на Борусија, тимот стигна до финале во Лигата на шампионите, а сега откако го носи дресот на Бсерн, Полјакот им е најголем душман.

Речиси и да нема „Дер Класикер“ на кој Левандовски не дава гол против својот некогашен клуб, а фановите на Борусија смислија како да го провоцираат и нервираат Роберт. Додека тој се подготвуваше за изведе слободен удар, од трибините се слушаше скандирање „Меси, Меси“.

Деновиве светот беше поделен околу тоа дали Меси ја заслужи „Златната топка“ пред Левандовски, многумина мислат дека е направена неправда кон Полјакот.

 

- Оглас -

Најнови вести