НБА добива нов фаворит за титулата: Каваи Ленард одбра кој е неговиот нов тим

Каваи Ленард најверојатно ја донесе одлуката за тоа каде ќе настапува во следната сезона. Според најавите од САД, Ленард потпишал за Лос Анџелес клиперс.

Ленард беше предводникот на Торонто кон историската прва титула во НБА лигата. Сепак, веднаш по освојување на трофејот, играчот остана слободен играч, бидејќи неговиот договор со Рептилите заврши. Торонто се обидуваше да му ја продолжи соработката, но Ленард сепак реши да ја смени средината и потпиша за Клиперс, враќајќи се во својот роден град.

Освен Ленард, Клиперс во своите редови го доведе и Пол Џорџ од Оклахома. Олстар ѕвездата заминува во Клиперс, а за возврат Оклахома ќе добие рекорден број на избор на драфтот.

- Оглас -

Најнови вести