НБА го презакажа драфтот за септември

Овогодинешниот драфт на НБА лигата е презакажан за 25 септември, иако првично требаше да се одржи порано, односно на 25 јуни. Информацијата ја пренесуваат амриканските медиуми и веројатно во најскоро време истата ќе се потврди од таборот на лигата.

Оваа одлука сосема логично е донесена поради пандемијата со корона-вирусот која и натаму прави хаос во повеќе делови од САД. Со презакажувањето се отвора простор на настанот да присуствуваат и фанови, а веројатно место на одржување ќе биде „Барклајс центарот“ во Бруклин, Њујорк.

Во меѓувреме се појавија информации дека сезоната во најатрактивната кошаркарска лига ќе продолжи на 31 јули, а веќе е познато дека привремено се прекина на 11 март. Инаку, на овогодинешниот драфт се пријавени вкупно 205 кошаркари од светот.

- Оглас -

Најнови вести