НБА ќе го задржи истиот формат за Олстар 2021

НБА-лигата планира да го задржи форматот по кој се играше Олстар-спектаклот изминатиот викенд во Чикаго. И следната година во секоја од трите четвртини ќе се рестартира резултатот, а потоа победникот ќе се одлучува така што екипата која прва ќе стигне до целта од 24 поени (во чест на Коби Брајан), ќе победи.

Оваа година во драматична завршница триумфираше тимот на Леброн со 157:155, и за првпат по подолго време се гледаше „вистинска“ кошарка меѓу најдобрите играчи во светот. Експериментот беше позитивно прифатен, така што овој начин може да прерасне во традиција во иднина, а воедно да се зголеми границата на поени во последниот период.

Една од промените може да биде победникот да се решава со кош од игра, а не како што беше оваа година, кога Ентони Дејвис преку слободни фрлања го донесе триумфот за тимот на Леброн. Олстар-викендот во 2021 година ќе се одржи во Индијанаполис.

- Оглас -

Најнови вести