Легендата на НБА со низок удар: Денешните ѕвезди се размазени мали кучки

Гилберт Аринас, кој пред 15-20 години беше доста добар НБА-кошаркар, беше во втората најдобра петорка на лигата, а кариерата ја заврши пред шест години во Кина, се осврна на однесувањето на денешните НБА-играчи, со акцент на ситуацијата во која Ајзеја Томас влезе во жестока расправа со навивачи, па доби суспензија од два меча.

Навивачите го пцуеја Томас и му покажуваа средни прсти, па тој тргна кон нив за да ги расчистат сметките.

Аринас смета дека во НБА-лигата играат многу губитници.

„Играчите мора да престанат со вакво однесување. Плачат поради навивачи? НБА треба да престане да наградува вакви лузери. Повеќе ги боли кога некој ќе им каже Е.. се или жена ти е к…., отколку ако губат со 20 поени разлика. Се влечат по паркетот и слушаат што им кажува публиката. Стануваат несигурни кога навивачите викаат по нив. Кога ќе добијат шлаканица, стануваат девојчиња. Играч кој победува, никогаш не се жали“, вели Аринас.

Аринас се присетува дека секогаш кога гостувал во Индијана, му велеле дека девојка му имала секс со Шекил О`Нил, дури и носеле маици со таков натпис. Во Бостон му велеле црнчиште, но никогаш не тргнал да се кара или да се тепа.

„Дозволете им на фановите да го прават тоа во што се најдобри, но додека не дојдат во контакт со вас. Сум платил 10.000 долари за седиште покрај паркетот и има да викам што сакам“, порача Аринас преку „Инстаграм“.

- Оглас -

Најнови вести