НБА не попушта, не го менува логото на Џери Вест со ликот на Коби Брајант

НБА лигата не дозволува да се смени официјалното лого на најсилната кошаркарска лига на светот, иако имаше петиција со над 1.5 милиони потписи на неа да биде ликот на Коби Брајант.

Засега тоа останува невозможна мисија, иако голем дел од кошаркарските фанатици сакаат официјалното лого да му се посвети на прерано починатиот ас на Лос Анџелес лејкерс.

Брајант загина пред една седмица во хеликоптерска несреќа на 41-годишна возраст.

Интересно е што и сегашното лого НБА лигата не го признава како фигура на Џери Вест, уште една легенда на Лејкерс, иако авторот Алан Сигел потврдува дека се работи за легендата Вест.

„Да тоа е Џери Вест. Неговата фигура ја нацртав во 1969 година, а користев фотографија од негов дриблинг со топката што ја држеше во левата рака. Само ја преработив малку и тоа е тоа“, вели Сигел.

- Оглас -

Најнови вести