НБА вечерва изобилува со дерби-пресметки и дуели на ѕвездите – Мичел против Морант, Јокиќ против Кари, Јанис против Ленард…

Вечерва во најсилната кошаркарска лига, НБА, ќе се одиграат седум натревари, а речиси сите се дерби-пресметки.

Програмата во НБА-лигата започнува со дуелот меѓу Индијана пејсерс и ЛА лејкерс. Двата тима се борат за место во плејин турнирот. Индијана е десетта на Истокот, додека Лејкерси се 13-ти на Западот. До последен момент нема да се знае дали ќе настапи првата ѕвезда на Лејкерси, Леброн Џејмс, кој има повреда на зглобот на ногата.
Лејкерси се благи фаворити иако играат на гости и квотата за нивна победа изнесува 1.87.

Со исклучок на дуелот меѓу Чикаго и Шарлот, каде што Биковите се големи фаворити, останатите средби се вистински дерби-дуели. Петтиот тим од Истокот, Кливленд, го пречека Мемфис, кој е второпласиран на Западот, а Милвоки игра против ЛА клиперс. На Западот ќе се играат две дерби-пресметки меѓу Далас и Њу Орлеанс и меѓу Денвер и Голден стејт.

Ништо понеизвесно нема да биде ниту на средбата меѓу Њујорк и Мајами, два тима кои имаат историја, во минатото тепачките беа редовни на нивните средби.

Во НБА-понудата на Sport Life има и 45-мина кошаркари како избор за играта на плус, или на минус поени, а фановите ќе можат да уживаат во меѓусебни дуели на најголемите НБА-ѕвезди.

Донован Мичел, кој до лани играше во Јута, сега е предводник на Кливленд и вечерва го очекува дуел против Џа Морант.

Дуелот меѓу Денвер и Голден стејт ќе биде во знакот на Никола Јокиќ од едната и Стеф Кари од другата страна, а доста интересно би требало да биде во „Фајсерв форум“ во Милвоки, каде што еден против друг ќе играат Јанис Адетокумбо и Каваи Ленард.

- Оглас -

Најнови вести