НБА-ѕвездата шокираше: Умрев на 13 април и веќе никогаш нема да се вратам

НБА-тимот на Минесота со победа стартуваше во новата сезона откако со 111:101 беше подобра од Детроит. Карл Ентони Таунс беше предводник на Минесота со 22 поени, 11 скока и седум асистенции, но ѕвездата на Минесота по мечот даде шокантна изјава, потсетувајќи дека пред само неколку месеци од корона-вирусот почина неговата мајка, но загуби уште неколку блиски луѓе за време на пандемијата.

„Многу ми значи победата во првиот меч. Среќен сум и триумфот го посветувам на мојата мајка. И реков дека ќе победам во првиот меч и дека ќе ја задржам топката за себе. Мило ми е што успеав да го одржам ова ветување“, рече Таунс, кој потоа додаде:

„Знаете што? Не се препознавам веќе и не се чувствувам како во минатото кога бев на теренот. Да бидам искрен, не ми е ни гајле. Само знам што се случи. Од 13 април навака можеби ќе ме видите како се смеам, но Карл тој ден умре и никогаш нема да се врати. Веќе не се сеќавам на тој човек, јас не знам кој е тој. Зборувате со моето тело, но мојата душа веќе некое време е мртва“, рече Таунс во искреното обраќање по првиот меч од новата сезона во НБА.

 

- Оглас -

Најнови вести