Ндомбеле се врати во Лион, Тотенхем го осигури на 65 милиони евра

Францускиот фудбалер Тангај Ндомбеле се врати во Лион и ќе игра за популарните Лавови до крајот на сезоната, а Тотенхем го осигури на 65 милиони евра во случај да остане со перманентен договор во редовите на седумкратниот првак на Франција.

Ова е интересен трансфер бидејќи во јули 2019 година имаше движење во спротивен правец и Ндомбеле од Лион замина во Тотенхем за сума од 62 милиони евра и плус бонуси од 10 милиони евра.

Сега пак ќе игра за Лавовите од „Жерлан“ во следните шест месеци и ако Лион потоа сака да го задржи 25-годишниот играч на Спарс, ќе мора да им плати отштета од 65 милиони евра.

Тангај одигра 63 натпревари за англискиот клуб, а од 2018 година е и француски репрезентативец со 7 настапи за Триколорите досега.

Денеска Лион го потврди и трансферот на Роман Февр од Брест.

 

- Оглас -

Најнови вести