Не давајте веќе изјави – Имке Вубенхорст го доби оскарот

Имке Вубенхорст беше тренер на машкиот тим на Клопенбург, а со објаснувањето како го бира стартниот состав ја освои наградата за изјава на годината во Германија.

„Јас сум професионалец и првотимците ги одредувам според должината на половиот орган“, изјави поранешната фудбалерка, до март годинава и тренер на машкиот тим на Клопенбург.

Второто место му припадна на германскиот репрезентативец Леон Горецка. Запрашан да ги коментира расистичките коментари на дел од симпатизерите на националната репрезентација на мечот против Србија, Горецка одговори:

„Јас сум дете од областа Рур и одговарам на прашања за националност само ако се работи за Шалке 04, Борусија Дортмунд, или Бохум“, рече играчот на Баерн Минхен.

За Имке следи и награда од 5 илјади евра од германската академија за фудбалска култура, а парите секогаш се наменети за хумани акции.

- Оглас -

Најнови вести