Ја паметите ли најголемата фудбалска измама? Сега е прогласен и за најголема утка во историјата на англискиот фудбал

Али Дија кој одигра само еден меч за Саутемптон е прогласен за најголемо промашување во историјата на англискио фудбал во изборот на магазинот „442“.

Сенегалецот одигра само 53 минути за популарните Светци на мечот со Лидс во ноември 1996 година, сосема доволно за да докаже дека не знае да игра фудбал.

„Трчаше на теренот како срна на мраз. Беше срамно да се гледа колку не знае да игра фудбал“ изјави тогаш Мат Ле Тисие, капитенот на Саутемптон, кој се повреди, па токму на неговото место влезе Дија.

Второто место му припадна на Савио Нсереко, играчот од Уганда со германски пасош, кој Вест Хем го плати 9 милиони фунти му го даде и дресот со број 10, но одигра само 10 меча за Чеканите пред да биде избркан од клубот.

Во топ-10 следат голманот на Манчестер јунајтед Масимо Таиби, потоа Милтон Нуњес од Сандерленд, Жози Алтидоре, американското чудо од дете кој не успеа исто така во Сандерленд, Жуниот Луис од Лестер, Бебе од Манчестер јунајтед, Винстон Богард, кој потфрли во Челзи, иако беше холандски репрезентативец, Игорс Степановс во Арсенал и Хрватот Бошко Балабан, кој не покажа ништо од најавуваниот талент во Астон Вила.

- Оглас -

Најнови вести