Не е само Азар, и заменик капитенот на Реал се радува што Челзи ќе игра финале (Фото)

Најголем дел од навивачите на Реал Мадрид беа налутени и згрозени од однесувањето на Еден Азар, кој по слабата игра против неговиот поранешен тим и поразот се смееше и се шегуваше со противничките фудбалери, се бара веднаш да биде продаден, а денеска сол на раната фрли и Марсело, кој е заменик-капитен на Кралскиот клуб.

Бразилскиот лев бек стави „лајк“ на објавата на сопругата на неговиот сонародник Тијаго Силва, која објави фотографија како слават победа над Реал.

Тука не завршуваат „допаѓањата“ од страна на семејството на Марсело, кој е странец со најмногу настапи во историјата на Реал. Неговата сопруга Кларис Алвеш стави „лајк“ на објавената фотографија на Матео Ковачиќ како играчите на Челзи слават во соблекувална.

- Оглас -

Најнови вести