Не е само Ибра, уште една 38-годишна легенда ќе игра во 2020

Еден од најголемите клубови во Парагвај, Олимпија Асунсион, потврди дека го продолжиле договорот со легендарниот напаѓач Роке Санта Круз. Овој фудбалер има 38 години, а откако на почетокот на месецов ја освои титулата првак на Парагвај, 44-та за Олимпија, потпиша нов договор, со кој останува таму до декември 2020.

„Роден е тука, прифатен е во секој агол, секогаш ја носел Олимпија во срцето и стана легенда. Продолжуваме заедно“, соопштија од Олимпија.

Санта Круз професионално игра од 1998 година. Во Баерн Минхен беше од 1999 до 2007 година и таму остави најголема трага. Почна во Олимпија, а таму се врати во 2016 година. Во Европа беше член и на Блекбурн, Манчестер сити и Мајорка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести