Не е само Надал, и поранешен НБА играч се радува на успехот на Мајорка (видео)

Мајорка по шест години повторно ќе игра во Ла лига откако во финалето од баражот го совлада тимот на Депортиво Ла Коруња. Пишувавме утринава дека на мечот и самата прослава за промоцијата во шпанската елита присуствуваше и еден од најдобрите тенисери во светот, Рафаел Надал, кој цел свој живот е навивач на овој клуб.

Но, тој не е единствениот познат спортист кој се радуваше на успехот. Далеку од Шпанија, преку Барата, исто славеше и Стив Неш. Поранешниот НБА шампион и двократен МВП, веќе три и пол години е акционер на Мајорка и ова е најголем успех откако „замеша“ прсти во клубот.

Тој заедно со газдата на Феникс санс купи акции на Мајорка во вредност од 21 милиони евра, па нормално дека фактот што неговиот тим ќе игра против Реал Мадрид и Барселона следната сезона е доволна причина да се радува и да слави со шампањско. Инаку Неш е голем љубител на фудбалот и како мал се занимавал со тоа пред да ја започне кошаркарската кариера.

Секако на социјалните мрежи задоволство изрази и Марко Асенсио кој играше за Мајорка пред да оди во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести