Не е шега: Реал и Јувентус вечерва играат во борба за бодови

Фудбалското првенство на Никарагва е едно од ретките кое ѝ пркоси на пандемијата со Коронавирусот. Во овој шампионат редовно се играат мечевите во борба за титулата, а вечерва на програмата има две средби. Интересно е што на двата дуели ќе играат екипи со многу звучни имиња.

Екипата на Јувентус од Манагуа гостува кај тимот на Чинандега, а Реал Мадриз игра против Сабанас. Јувентус во својата историја двапати бил и првак на Никарагва, а Реал Мадриз е еден од помладите клубови. Интересно е што по 12 одиграни меча, и двата клуба со имиња на светските фудбалски гиганти имаат освоено по 13 бодови и се далеку од трката за титулата.

- Оглас -

Најнови вести