Не е важна техниката, важно е да се даде тројка од пола терен (Видео)

На една од паузите за време на мечот помеѓу Естудијантес и Уникаха од шпанската кошаркарска АЦБ-лига се приредуваше наградна игра во која се доделуваа 9.000 евра доколку избраните навивачи присутни во салата погодат тројка од центарот на теренот. Овој среќник кој се вика Алваро погоди тројка и заработи 9 илјади евра.

Иако начинот на којшто ја исфрли топката не е баш најдобар, за многумина е антикошаркарски, на Алваро не му беше важно како ќе шутне и дали ќе му се смеат. Важно е дека погоди тројка од центарот на теренот и си замина дома побогат за 9.000 евра, а плус тоа доби овации од неколку илјади луѓе во салата.

 

- Оглас -

Најнови вести