Не го победија градскиот ривал, па навивачите решија да им дадат лекција (Видео)

Зрински одигра 1:1 против градскиот ривал Вележ во Мостар, резултат кој многу повеќе им одговараше на гостите. Со освоениот бод, Вележ остана на третото место на табелата со 53 бода, додека Зрински е петти и има 50 бода.

Вележ водеше на полувреме со 1:0, а домаќините израмнија во 55 минута. Иако имаше уште 35 минути до крајот, резултатот остана непроменет. Ремито беше нешто што ги налути фановите на Зрински кои очекуваа со освојување на три бода, нивниот омилен тим да се врати во трка за излез во Европа.

На последните три меча, Зрински освои само два од можните девет бода, па фановите вечерва решија да го „окупираат“ стадионот и да им покажат на фудбалерите дека се незадоволни од нивните игри.

 

- Оглас -

Најнови вести