Не играше против Македонија, ќе го нема и на трите најважни мечеви на Манчестер сити

Рубен Дијас сигурно нема да игра за Манчестер сити на првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, а веројатно нема да биде подготвен и за настап и во реваншот и на многу важниот меч за титулата во Англија против Ливерпул.

Португалскиот стопер не играше ниту против Македонија, завчера во Порто, на меч што неговата репрезентација го доби со 2:0 и си обезбеди пласман на Мундијалот во Катар.

Дијас кој е стандарден стопер на Сити има повреда на тетивата и е во процес на рехабилитација.

Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола објави дека Рубен сигурно нема да игра против Атлетико на 5. април на „Етихад“ во Манчестер, а сосема неизвесно е дали ќе може да настапи и на многу важниот дерби дуел за титулата против Ливерпул на 10. април.

Гвардиола се надева дека ќе го има Португалецот за тој меч и за реваншот во Мадрид против Атлетико на 13. април во четвртфиналето на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести