Не издржаа ни две недели, лондонските стадиони повторно без публика

Спортските манифестации во Лондон од утре ќе се одржуваат без публика откако главниот град на Велика Британија прогласи највисок степен на ограничување поради големиот број заразени од корона-вирусот. Од 2 декември наваму беше дозволено до 2.000 навивачи на стадионите и друг отворен простор, но сега и тоа е забрането.

Ова значи дека на премиерлигашките средби Вест хем – Кристал палас, Арсенал – Саутхемптон и Фулам – Брајтон нема да има публика, но не само таму. Фанови на трибините во ова коло ќе смее да има само на дербито помеѓу Ливерпул и Тотенхем бидејќи во градот Ливерпул уште не се воведени строгите мерки.

Од премиерлигашите, само Ливерпул, Евертон, Брајтон и Саутхемптон смеат да пуштат по 2.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести