Не личи на Лигата на Европа – Астана прими 11 гола на два меча против АЗ Алкмар

АЗ Алкмар се прошета на „Астана арената“ и без мака повторно го декласира актуелниот првак на Казахстан вечерва со 5:0.

Двата состави играа во Холандија пред 14 дена, а таму беше уште поубедливо и лидерот во групата Л славеше со 6:0.

Фудбалерите на Астана безмалку одиграа рекреативно, што и не му личи на натпреварување кое е второ по ранг во Европа.

Мирон Боаду ја почна и ја заврши голеадата вечерва во вториот меч од четвртата рунда во Лигата на Европа, а Аз Алкмар сега е прв во групата Л со 8 бода, еден повеќе од Манчестер јунајтед, кој има меч за одигрување, вечерва од 21 часот против третопласираниот Партизан со 4 бода. Астана е последна без бодови и со катастрофална гол-разлика 1:14.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести