Не може без спорна ситуација: Од Борусија залудно бараа пенал кога судијата не сакаше да гледа ВАР (Видео)

Баерн Минхен победи со 1:0 во Дортмунд против Борусија и сега има седум бода предност пред најголемиот ривал во трката за титулата во Бундеслигата. Гостите до победата стигнаа благодарение на фантастичниот погодок на Џошуа Кимих пред крајот на првиот дел.

За Борусија ова беше прв пораз сезонава на свој терен, а домаќините негодуваат на судењето. За Милионерите спорна е ситуацијата во второто полувреме, кога Халанд шутираше, а топката со рака ја удри Боатенг и наместо кон голот заврши во корнер.

Домаќините реагираа, бараа пенал, но судијата не изреагира. Главниот арбитер дури не сакаше да има ниту помош од ВАР-системот, а неми останаа и арбитрите кои беа во контролната соба.

https://twitter.com/i/status/1265345176421228548

 

- Оглас -

Најнови вести