Не може да преброди: Преку песна го исплука Вејд затоа што му ја „украде“ титулата во забивање (видео)

Сите кошаркарски фанатици кои го проследија последниот Олстар-викенд кој се одржа во Чикаго го паметат контроверзното натпреварување во забивање во кое титулата ја освои кошаркарот на Мајами хит, Дерик Џоунс џуниор.

Во финалeто противник на Џоунс џуниор беше Арон Гордон, крилниот центар на Орландо меџик, кој според јавноста, требаше да биде победник бидејќи во последната рунда заби преку највисокиот кошаркар во НБА=лигата, Тако Фол. Сепак, Гордон доби 47 поени, а Џоунс 48, токму легендата на Мајами, Двејн Вејд му даде поен помалку на Гордон, по што остана без титулата.

Токму затоа Гордон сними песна како провокација до Вејд, сакајќи да му каже дека не може да ја преброди одлуката на популарниот Флеш. Во спотот, Гордон дополнително провоцира со тоа што пие вино од брендот „Вејд“, фирмата на трикратниот НБА-шампион.

- Оглас -

Најнови вести