Не може на „Стемфорд бриџ“, нема проблем, ќе навиваме за Лејтон ориент

Не нѐ примаат на „Стемфорд бриџ“, нема проблем, ќе одиме да го гледаме Лејтон ориент. Замислете каков спектакл ќе биде со 2 илјади симпатизери на Ајакс како навиваат за четвртолигашот“, објавија дел од фановите на клубот од Амстердам како план за 5 ноември.

Ајакс ќе му гостува на Челзи на истиот датум во меч од Лигата на Шампионите, а проблем е што холандскиот шампион е казнет од УЕФА и не смее да има навивачи на „Стемфорд бриџ“.

Лејтон ориент е член на Лига 2 во Англија, што е по ранг четврта лига во распоредот, а на 5 ноември игра со младинците на Брајтон во ЕФЛ купот.

Дел од навивачите на Ајакс веќе имаат платени аранжмани за пат во Лондон, но казната на УЕФА ќе ги спречи да бидат на трибините на „Стемфорд бриџ“, па можна е преселба на „Бризбејн роуд“, каде што Лејтон ориент ги игра натпреварите како домаќин. Тоа би било многу интересно и, секако, спектакуларно шоу на трибините со едни од најдобрите навивачи во Европа.

- Оглас -

Најнови вести