Не може полудо од ова – Има три-четири различни датуми кога е роден, клубот не сака да ризикува и ќе го ослободи

Бизарен случај има во Португалија и повторно се работи за фудбалер од Африка, за кој не се знае точно кога е роден, па еден од великаните на европскиот фудбал, Порто, веќе не сака да ризикува и ќе го ослободи.

Се работи за репрезентативецот на Демократска Република Конго, Шансел Мбемба, кој официјално е заведен дека е роден на 8. август во 1994 година во Киншаса.

Но, по се изгледа точен е само градот каде е роден, бидејќи Мбемба им се фалел на пријателите дека е роден во 1990 година, но постои сомневање дека вистинскиот датум на раѓање му е во 1988 година.

И што е уште побизарно во 2013 година беше отворена истрага за овој случај и велат дека во опција се дури четири различни години, кога е роден Мбемба.

Хаосот со датумите се случил пред 9 години, кога Мбемба од ДР Конго пристигна во белгиски Андерлехт, а потоа иако имаше истрага во 2015 година се пресели во Њукасл.

Порто го купи во 2018 година, но постојано зад Мбемба се влечат „опашки“ и сомневања кога е точно роден и колку години има, па двојниот европски првак не сака повеќе да ризикува и ќе го ослободи дефанзивецот.

Неодамна сличен случај имаше и со фудбалерот на Црвена Ѕвезда, Гејлор Канга, а долго време загонетка беше и со Бразилецот Ериберто, кој играше за Киево во Серија А во Италија, а имаше лажни податоци за датумот на раѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести