Не може секој да изведе „онаков“ корнер, Томас Милер се посрамоти (Видео)

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, синоќа против Шалке се обиде да ја продаде истата финта како на Ливерпул против Барселона од ланското полуфинале во Лигата на шампионите, но обидот заврши, најблаго кажано, катастрофално.

Милер покажа дека не е Трент Александер-Арнолд и не им успеа да го измамат противникот, иако Џошуа Кимих се затрча кон корнер-знаменцето барајќи тој да го изведе уфрлањето. Кутињо чекаше да добие топка и да ја има улогата на Дивок Ориги од мечот со Барса, но планот се растури.

Милер тргна напред, застана, се врати, се намести да центрира и тогаш… Топката наместо кон 16-никот, заврши во гол-аут. Погледнете како не треба да се изведе корнер:

https://twitter.com/i/status/1235142527264714752

Еве како требаше да изгледа тоа:

https://www.youtube.com/watch?v=tZnvi8huvk0&feature=emb_title

- Оглас -

Најнови вести