Не е се така сјајно на „Четирите скокалници“ – Скокачите во Оберсдорф спиеле по ходници

Не е се така сјајно како што изгледа. Дел од учесниците на Новогодишната турнеа „Четири скокалници“ спиеле по ходниците во сместувачкиот капацитет во Оберсдорф, непосредно пред стартот на актуелното издание на зимскиот спектакл што има огромна традиција, обвини Александер Штокл.

Австриецот, кој сега е тренер на норвешкиот тим објаснува дека организаторите направиле вистински хаос, а дел од ски-скокачите спиеле по ходници.

Потоа, најпрво стаса извинување од портпаролот на скојачката федерација, Инго Јенсен, но потоа се вжештија страстите, со контра-обвинување дека дел од тимовите имале повеќе ски-скокачи во тимовите од предвиденото.

Како и да е на две од четирите скокалници веќе завршија натпреварите и во Генерален пласман води ланскиот шампион Кобајаши со 587.2 бода, пред Гајгер и Кубачки.

Утре од 14 часот ќе се скока во Инсбрук, Австрија, а финалето е во Бишофсхофен, исто во Австрија на шести јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести