Не парите, едно правило донесе доминација на Европа против Јужна Америка

Ливерпул стана вториот англиски клуб по Манчестер јунајтед кој го освоил светското клупско првенство, Црвените се наследници на Реал Мадрид кој 1.098 дена без прекин беше владетел, а победникот на Лигата на шампионите уште еднаш, седма година по ред, покажа дека е посилен од шампионот на Копа Либертадорес. Во минатото не беше така.

До 1993 година, во Интерконтиненталниот куп, екипите од Јужна Америка беа подобри, и имаа предност од 20-13. Но, оттогаш наваму, Европа има 20 победи и само 6 порази.

Што се смени толку драстично? Одговорот лежи во обединувањето на фудбалска Европа, поточно почетокот на таканареченото правило Босман, според кое играчите од земјите на Европската унија не се сметаат за странци и укинување на лимитот за број на странци по клубовите. Ова придонесе во некои тимови и воопшто да нема играчи од земјата од која е клубот, но сега и тоа е дозволено, за разлика од порано. Очигледно дека клубовите од Европа многу профитираа од тоа.

- Оглас -

Најнови вести