Не поминаа ниту десет минути, а Сити води во градското дерби (ВИДЕО)

Дерби мечот во деветтото коло во Премиер лигата меѓу манчестерските ривали Сити и Јунајтед, очекувано, уште во воведните минути донесе радост на навивачите на едната екипа.

Во осмата минута се радуваа навивачите на „синиот дел“ од Манчестер откако Фил Фоден ја начна мрежата на Давид Де Хеа.

Акцијата што пред шеснаесетникот на Јунајтед ја започна Кансело, со гол ја круниса Фоден откако доби одлична топка од Бернардо Силва.

Граѓаните десет минути подоцна имаа можност да ја зголемат предноста, но шутот на Гундоган ја погоди пречката. 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести