Репрезентацијата на Белгија се пласира во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство откако убедливо со 4:1 славеше над домаќинот САД. Уште од самиот почеток Белгијците покажаа дека се решени да покажат дека се поквалитетен тим и да се пласираат меѓу осумте најдобри на турнирот.
Шарл де Кетелер во деветата минута погоди за водство на Белгија од 1:0. Американците израмнија во 31-вата минута со голот на Тилман од слободен удар, но радоста на домаќините траеше помалку од 100 секнди затоа што Де Кетелер повторно погоди за водство на Белгија, овојпат со 2:1.
Белгија продолжи да создава шанси и да погодува и во второто полувреме, па со голот на Ванакен во 57-мата минута веќе беше 3:1. Американците се обидуваа да ја анулираат негативата, но Тибо Куртоа на голот на Белгија беше одличен. Во последните моменти од мечот, Ромелу Лукаку, кој во игра влезе во вториот дел, ги постави конечните 4:1.
Ова беше најконтроверзниот меч на турнирот и еден од најконтроверзните во историјата на Мундијалите затоа што во тимот на САД во стартниот тим играше Фоларин Балогун, фудбалерот кој доби црвен картон на претходниот дуел против Босна и Херцеговина, но по интервенција на претседателот на САД, Доналд Трамп, ФИФА му дозволи на голгетерот да настапи.
И со Фоларин Балогун на теренот Американците делуваа инфериорно против реално подобрата селекција на Белгија.

