Не помогна ниту жив ѕид од 10 луѓе (Видео)

Бразилската фудбалска легенда Маркос Асунсао, кој сега има 42 години и веќе две години е пензиониран, на еден ревијален хуманитарен натпревар покажа дека сè уште има силен шут и даде гол од огромна далечина.

Асунсао, кој од 1993 до 2016 година играше за многу клубови, во Европа го паметат како член на Рома од 1999 до 2002 и на Бетис од 2002 до 2007. Две години играше и за бразилската репрезентација.

Хуманитарниот меч се одигра под името „Божиќ без глад“, беше наменет за сиромашните луѓе во Бразил, а публиката можеше да ужива во мајсториите на популарниот Габи-гол и на пензионерот Асунсао. При шутот од слободен удар на Асунсао, во живиот ѕид застанаа сите 10 играчи од противничкиот тим, но и тоа не беше доволно, додека голманот не ни мрдна.

Ова е голот на Асунсао:

https://www.youtube.com/watch?v=QSfvX9EAEwI

 

 

- Оглас -

Најнови вести