Не се добри вестите за Реал Мадрид пред клучниот меч со Интер

Карим Бензема денеска не тренирал со останатите играчи на Реал Мадрид, што значи дека се намалуваат шансите тој да заигра на дуелот против Интер во Милано, во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите. Голгетерот има проблеми со болки во мускулот на ногата и останал да работи изолирано во теретана.

Најавите од Мадрид се дека Бензема нема да биде во составот на Реал за утрешното патување кон Милано, меч кој е од големо значење за двата клуба. Освен Бензема, Реал во нападот нема да смета ниту на Лука Јовиќ, кој е позитивен на корона-вирусот, па Маријано Дијаз е единствниот вистински напаѓач на располагање на Зинедин Зидан.

Од најразлични причини, за дуелот в среда на „Џузепе Меаца“ кај Реал ќе ги нема ниту каптитено Серхио Рамос, Бразилеците Касемиро и Милитао, како и Валверде и Одриосола.

По три кола во Б групата од Лигата на шампионите, Реал Мадрид има освоено 4 бода, додека Интер на своето конто има само два бода. На лидерските две позиции во групата се Борусија Менхенгладбах (5 бодови) и Шахтар Донецк (4 бодови).

 

- Оглас -

Најнови вести