Не успеа акцијата “Десет“ на навивачите на Барселона, Роналдо куртули да стои мирно во чест на Меси

Навивачите на Барселона бараа во десеттата минута на пријателскиот меч со Јувентус да има мал прекин за да му оддадат почит на својот миленик Лионел Меси, кој си замина од клубот, но тоа не се случи.

Сиутацијата ќе беше интересна, бидејќи во стартниот состав на Јувентус е Кристијано Риналдо, најголемиот ривал на Меси во последните 15-на година.

Акцијата требаше да биде во минутата што симболизира бројот на дресот 10 што го носеше Меси во целата професионална кариера во еден клуб, во Барселона.

Двајцата биеја многу битки еден против друг, особено впечатливи беа мечевите во Ел Класико, кога Роналдо играше за Реал Мадрид, а Меси за Барселона, што ги доведе на врвот во жестока битка дури и за најдобри фудбалери на сите времиња.

Вечерва Риналдо со Јувентус игра на „Камп Ноу“, но на храмот на фудбалот го нема Меси во дресот на Барселона. Денеска иконата на Барса на прес-конференција се прости од својот клуб,во кој пристигна во 2000 година и замина за Париз.

Се очекува Меси да потпише двегодишен договор за ПСЖ, а можноста што се најавуваше, дека и Роналдо ќе игра за истиот клуб пропадна, откако денеска е потврдено дека Португалецот ќе продолжи да игра за Јуве.

По првото полувреме на мечот што се игра за Трофејот Жоан Гампар, Барселона води со 1:0 со голот на Мемфис Депај во третата минута.

 

 

- Оглас -

Најнови вести