Центарот на Далас маверикс, Даниел Гафорд, има разочарување по мечот против Оклахома. Неговиот тим загуби со 126:119, а тој не успеа да го сруши НБА-рекордот кој го има поставено легендарниот центар Вилт Чемберлен.
Гафорд имаше погодено 33 шута од поле и му фалеа само уште два прецизни удари за да го достигне рекордот на Чембелрен, кој во 1967 година погодил 35 шута по ред од игра.
Сепак, само што почна дуелот против Оклахома, во првиот напад Гафорд имаше офанзивен скок и веднаш сакаше да погоди, но неговиот обид беше непрецизен и тука заврши неговиот обид да го надмине легендарниот Чемберлен.
https://twitter.com/i/status/1768462103222837252
Далас, кој беше без Лука Дончиќ на овој меч, не можеше да ѝ парира на Оклахома, која се врати на првото место во Западната конференција, со скор од 46 победи и 20 порази, колку што има и актуелниот првак Денвер.
Вторпат за една недела Бостон е подобар од Феникс, овојпат со 127:112. Браун и Тејтум комбинирано постигнаа 63 поени, а Хорфорд постигна шест тројки и заврши со 23 поени. Бостон на овој меч погоди дури 25 удари за три поени.
Резултати: Бостон – Феникс 127:112, Чикаго – ЛА клиперс 111:126, Хјустон – Вашингтон 135:119, Милвоки – Филаделфија 114:105, Оклахома – Далас 126:119, Портланд – Њујорк 93:105.