Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, на брифинг со новинарите информира дека клубот се соочувал со голем проблем и можно исфрлање од европските натпреварување поради лошото менаџирање на претходните раководства на клубот.
По пријава на двајца фудбалери, Глишиќ и Блажевски, УЕФА покренала истрага за потпишување двојни договори, па целиот процес траел десет месеци.
„Десет месеци имавме процес со УЕФА, се однесува за фалсификувани двојни договори и двојно книговодство. Имаше пријава од двајца играчи, Глишиќ и Мартин Блажевски. Имаа потпишано двојни договори, што е апсолутно забрането. Постигнавме договор да платиме казна од 250.000 евра и засилен мониторинг ако во следните три години го повториме овој прекршок, ќе бидеме суспендирани од натпреварувањата на УЕФА. Ова се дела сторени од времето пред да дојде новата управа, во сезоната 2023/24. Ние покренавме постапка против непознат сторител за извршување на тие нелегални активности“, рече Неделковски.
Вардар по шест години повторно е шампион на Македонија, а извршниот директор информира дека клубот ја завршил 2025 година со добивка од 700.000 евра.
„Во 2025 година Вардар заврши со добивка од 700.000 евра, што само се покажува разликата во работењето тогаш и сега“, додаде Неделковски.

