Недвед е убеден: Кристијано нема да си оди, а Пирло останува тренер

Павел Недвед, претседателот на Јувентус, тврди дека Кристијано Роналдо нема да биде продаден во текот на летото, а тој е еден од петмината фудбалери на Бјнаконерите кои се недопрливи на пазарот.

Исто така, Недвед за „ДАЗН“ изјави дека Андреа Пирло и следната сезона ќе ја предводи екипата, иако под негово водство Јувентус сезонава потфрли на речиси сите фронта.

„Роналдо ќе остане во Јувентус, тој е недопирлив за останатите клубови. Исто така, Пирло ќе биде тренер на првиот тим и следната сезона. Со него почнавме нов проект и сме трпеливи, веруваме дека Андреа во иднина ќе биде врвен стратег“, кратко и јасно потенцираше Недвед.

Имено, покрај Роналдо, само Кјеза, Артур, Де Лихт и Данило се меѓу играчите кои Јувентус сигурно нема да слуша понуди во текот на летото, а клубот нема да го менува неискусниот италијански стратег на кого оваа сезона му е дебитантска како тренер на актуелниот првак.

 

- Оглас -

Најнови вести