Недвед: Го имаме Роналдо, тој е вистинскиот човек за титули во Лигата на шампионите

Атлетико Мадрид е најсилниот тим од вториот барабан и може да се каже дека немавме среќа со ждрепката. Сепак Јувентус има моќен тим, тука е и вистинскиот човек за пехари во Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо, но имаме уште многу други квалитетни играчи кои можат да се справат со секој противник, вели Павел Недвед по ждрепката во Нион за нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Јувентус против Атлетико Мадрид ќе биде едно од дерби-дуелите во осминафиналето, а досега двата клуба играле само еден двомеч. Во фазата по групи во сезоната 2014/15, Атлетико победи во Мадрид со 1-0, а во Торино двете екипи одиграа меч без голови.

Сепак, сега ситуаицијата е поинаква, се работи за двомеч по кој една одлична екипа ќе се прости од натпреварите во Лигата на шампионите.

„Имаат одлично избалансиран тим, што знае беспрекорно да игра и дефанзивно, но и молскавично да се префрли во напад. Ги имаат опасните напаѓачи Гриезман и Коста, кои можат на секој тим на планетата да му зададат многу грижи. Добивме тежок противник, но нема избор ако целта ви е да го освоите пехарот во Лигата на шампионите“, додаде Недвед.

Кристијано Роналдо е дел од мозаикот кој недостасуваше кај Јувентус, а според мислењата на грото од фудбалските експерти, тој е човек за титули. Освои три по ред со Реал Мадрид, а во шест дуели со Атлетико им даде четири голови на ривалите од Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести