Недвед си ќари девојка која не била родена кога тој се ожени

Поранешниот чешки фудбалер, а сегашен потпретседател на Јувентус, Павел Недвед, неодамна се разведе после 25 години брак со сопругата Ивана, со која има и две деца, а сега е во љубовна врска со 23-годишната Луси Ановчинова, која е џокеј и се натпреварува во коњички спорт.

Папараците го сликаа Недвед со младата Луси во Лондон, каде гледаа трки со коњи. Луси има само една година повеќе од ќерката на Павел, Иванка, и студира архитектура.

Ова е тазе врска, бидејќи на 16 април, сопругата на Недвед беше со него во Торино на трибините за време на четврт-финалето од Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести