Неговите барања беа „божествени“: Парите го спречија Златан да заигра за германскиот великан

Златан Ибрахимовиќ поради условите за плата кои за Баерн Минхен не биле прифатливи, пропуштил прилика да го облече дресот на актуелниот светски и европски првак.

Анегдотата ја открива поранешниот претседател на Баварците, Ули Хенес, кој самиот пробал да го доведе на „Алијанц арената“, но преговорите завршиле неуспешно.

„Тој е фантастичен фудбалер, но за жал имаше божествени барања. Своевремено бевме заинтересирани за услугите на Ибрахимовиќ, но никогаш не дојде до договор“, посочи Хенес.

Знаејќи дека Швеѓанецот е докажан трофеен играч, доминираше во повеќе лиги, но за жал ја пропуштил единствената прилика да се проба и во Бундеслигата, каде со Баерн, сигурно би имал успех.

Патот кон голема фудбалска кариера, на Ибрахимовиќ му почна во Малме, преку Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунатјтед, ЛА галакси, за на крај да се врати во Милан. На 39 години, Златан уште игра на високо ниво, потврдува и учинокот од 17 погодоци во 23 меча во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести