Неизвесноста ќе потрае, Македонија уште не знае во кои градови ќе игра на ЕП

Европската фудбалска федерација, УЕФА, во март ќе го објави конечниот формат на Евро 2020. Ова го најави генералниот директор на организацискиот комитет на рускиот дел од ЕП, Алексеј Сорокин.

Фудбалското ЕП треба да се игра од 12 јуни до 12 јули 2021, во 12 градови низ целиот континент, а за првпат и македонската репрезентација ќе биде дел од спектаклот. Според планот, Македонија треба да игра против Австрија и Украина во Букурешт, а потоа против Холандија во Амстердам. Но, ова може да се смени и целиот шампионат да се игра во една земја, како Русија или Велика Британија. Финалето треба да се игра во Лондон.

Официјалната позиција на УЕФА е дека има три сценарија и се подготвуваат за сите три варијанти. Не се знае дефинитивно ниту дали ќе се дозволи присуство на публика и дали ќе има делумно или целосно полни трибини. Ако до март има позитивни сигнали дека пандемијата на корона-вирус ослабува, тогаш веројатно ќе се игра со навивачи.

- Оглас -

Најнови вести