Нејмар е подготвен за настап и веднаш е фаворит да ѝ даде гол на Јужна Кореја

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, вчера ја израдува нацијата со изјавата дека Нејмар ќе биде подготвен за настап на денешниот натпревар против Јужна Кореја во осминафиналето на СП во Катар, a напаѓачот веднаш е фаворит да се запише во листата на стрелци.

Тите на последната прес-конференција порача дека Нејмар ќе игра од првата минута само доколку може да ги издржи сите 90 минути, во спротивно може да се најде на клупата и шанса да добие во второто полувреме.

Квотата Нејмар да го постигне првиот гол против Јужна Кореја е 4.00, а да даде гол во текот на средбата е 2.00. Доколку Тите се одлучи да изненади и да го започне натпреварот без Нејмар, тогаш прв фаворит за стрелец е Ришарлисон и квотата тој да го отвори резултатот е 4.50, а примамлива е и таа да даде гол во текот на натпреварот и изнесува 2.30.
Според квотите, голови се очекуваат и од Винисиус Жуниор, Мартинели, Рафиња, Родриго.

Главен адут на Јужна Кореја е напаѓачот на Тотенхем, Хеунг-мин Сон и квотата за тој да го постигне првиот гол е 12, додека 3.50 е коефициентот да даде гол во текот на натпреварот.
Бразил е голем фаворит и се очекува негова победа, но доколку има драма на средбата, односно се играат две продолженија по 15 минути, квотата за триумф на Кариоките е 12, а за Корејците е 40. Доколку пак победникот мора да се одлучува во пенал-рулетот, коефициентот за триумф на Бразил е 13, а за Јужна Кореја е 20.

Покрај овие игри, во Специјалниот сингл на Sport Life може да одиграте и на тоа кој ќе го изведе почетниот удар, кога ќе биде постигнат првиот гол, колку удари на голот ќе има, колку корнери, жолти и црвени картони ќе има, дали ќе има пенал, на кој начин ќе падне првиот гол, на број на офсајди, која селекција прва ќе направи замена и уште многу други варијанти.

- Оглас -

Најнови вести