Нејмар е загрижен за Мундијалот во Катар

Големиот бразилски ас Нејмар е загрижен за развојот на кариерата и за својот статус и на клупски план, но и пред Мундијалот во Катар што ќе се игра во ноември и декември.

Неизвесноста за еден од најдобрите играчи на планетата е поради сè уште несигурната иднина, односно дали ќе остане да игра за Пари Сен Жермен или ќе биде продаден.

Имаше најави дека францускиот шампион сака да го продаде играчот што го купи за рекродни 222 милиони евра од Барселона пред пет години.

Нејмар сака да знае во кој клуб ќе игра во иднина, и тоа што поскоро за да може максимално да се посвети на обврските со репрезентацијата на Бразил.

Кариоките имаат големи амбиции и сакаат да ја освојат шестата светска круна, а се рекордери и најтрофејна нација со пет светски титули.

 

- Оглас -

Најнови вести